Назад на дежурства
Списоци за дежурства #1783

Лекарската комора во одбрана на суспендираната докторка

· 1 слика

Ова е изјавата која сведокот на настанот во поликлиниката Ѓорче Петров им ја доставил во Здравствен дом Скопје. На неа стои и датумот и архивскиот број.

Дадена е истиот ден кога е донесена одлуката за суспензија на дежурната докторка. Зошто не била земена во предвид директорката тврди дека била дадена откако нивната комисија веќе се произнела за случајот.

-Дали воопшто нема никаква изјава од сведок во Здравствен дом? Значи ви реков додека траеше постапката немаше сведок и немаше изјави. Таа изјава е дојдена во попладневните часови, кога заврши постапката . Зошто не е земена во предвид? Завршена е постапката? –Да завршена е. Ќе се земе ли во предвид таа изјава во понатамошната постапка? Значи тоа оставаме на службите кои што ја водат дисциплинската постапка, рече д-р Татјана Баевска Вучковиќ, директор во Здравствен дом Скопје.

Сеуште се чека на извештајот од комисијата формирана од министертсвото за здравство. Во меѓувреме инволвираната докторка вчера со влошено здравје заврши во Градската болница. По укажаната помош од интернист и психијатар пуштена е на домашно лекување. Доцна попладнево преку писмена изјава доктор Ксенија Мојсовска ја објаснува целата ситуација. Изјавата на докторката се совпаѓа со изјавата на Ѓуреци Севдаи кој пред 2 дена сведочеше пред камерата на Сител. Чекалната цело време била полна. Тоа дежурство прегледала дури 115 пациенти. Искрено жали за изгубениот живот.

-Најодговорно тврдам дека ниту јас, а верувам дека ниту еден мој колега кој ја дал Хипократовата заклетва и со која секојдневно работиме во службата за Итна медицинска помош и со натчовечки напори се бориме за секој човечки живот, би одбил да пружи лекарска помош на лице кое му е потребна доколку околностите му го дозволуваат тоа, стои во писмената изјава на д-р Ксенија Мојсовска.

За случајот реагираше Лекарската комора. На денешниот вонреден состанок на ИО на комората едногласно бил донесен заклучок дека докторката пред време била обвинета.

-Уште пред да се донесат одлуки од сите надлежни институции, колешката пред време е осудена, прекршено е нејзиното уставно право без да се остави да се остави да се формира јавно мислење, рече д-р Ленче Нелоска, потпретседател на Лекарската Комора.

Комората го добила писмото од министерството. Откако ќе ги соберат сите извештаи од комисиите, изјави од докторката и од сведоци, ќе одлучат дали има основ за поведување постапка пред судот на честа за привремено или трајно одземање на дозволата за работа.

Александар Динев

Извор