Што значи ЗПЛРМ?
ЗПЛРМ е Здружение на приватни лекари во РМ.
Создадено е во далечната 1992 година со почетоците на приватизацијата на здравството, кога уште не постоеше ЛКМ. Првите амбуланти се отворија во мај 1992 година. Прва од сите беше амбулантата на Др Благој Јорданов, интернист од Велес. Токму тој беше поставен за прв Претседател на ЗПЛРМ.
Основачи на здружението
- Др Благој Јорданов – Велес
- Др Андон Кочев – Радовиш
- Др Стојан Маролов – Штип
- Др Лилија Чолакова Дервишова – Велес
- Др Флорентина Ристеска Шурбеска – Велес
- Др Милчо Трајков – Велес
- Др Марица Ѓоргоска – Демир Капија
- Др Мијалче Андонов – Пробиштип
- Др Ванчо Органџиски – Штип
- Др Панче Арсов – Велес
- Др Јордан Петров – Кавадарци
- Др Ване Гурев – Кавадарци
Адвокат на ЗПЛРМ — човекот кој го напиша првиот Статут на ЗПЛРМ: Драган Чолаков (татко на Лилија Чолакова Дервишова).
Раните предизвици
Првите состаноци на пионерите почнаа да се одржуваат со првите проблеми во приватното здравство: каснења на исплата од ФЗОМ, контроли и записници, игнорирање од колегите од јавно здравство, кинење упати, шиканирање на пациенти кои оделе на приватен доктор. Непризнавања на боледувања издадени од приватни доктори со договор со ФЗОМ.
Заедничките проблеми ги приморуваат да се здружат и да делуваат преку правно регистрирано здружение, бидејќи ЛКМ беше формирана дури следниот месец, на 05.06.1992 година. Првото седиште на ЗПЛРМ беше во Велес.
Како функционираше системот
Плаќање по учинок: минутажа од 480 мин, по 4.800 ден дневно (макс). Партиципација од 40 ден кај матичен доктор.
2001: почнува систем на капитација — без партиципација.
2006/2007: приватизација на примарното здравство — бројот на приватни доктори се дуплира.
2007: воведени превентивни цели и плаќање 70% со три пати по 30% капитација. Бодот се намали од 50 на 45 денари.
Претседатели низ годините
Др Благој Јорданов
Велес · интернист — 1992 →
Др Миодраг Милутиновиќ
Скопје · психијатар — втор претседател
Др Јордан Наумовски Бато
Куманово · физијатар — трет претседател
Др Стоје Стојмановски
Куманово — четврти претседател
Др Лилија Чолакова Дервишова
Велес · еден од основачите — 06.06.2010 → денес
Сите претседатели на ЗПЛРМ биле и членови на Извршниот одбор на ЛКМ (Потпретседатели на ЛКМ), што гарантираше тесна врска помеѓу двете еснафски здруженија.
06.06.2010
Нов мандат, нова програма
На 06.06.2010 година Управниот одбор одлучува нов Претседател на ЗПЛРМ да биде Др Лилија Чолакова Дервишова од Велес, еден од основачите. На денот на изборот таа елаборираше програма за работа со неколку клучни моменти:
Веб сајт
Информирање на големото членство
Координатори по градови
Двонасочни информации до УО
Контакти со ФЗОМ и МЗ
Поблиски и продуктивни односи
Електронско здравство
Барања за дигитализација
Медиумски настапи
Промоција на проблемите
Подобар статус
Намалување на казнената политика
Враќање на бодот
06.04.2011 — од 45 на 50 денари
Постигнувања 2010 — 2014
Во периодот од 2010 до 2014 година координаторите на ЗПЛРМ ги поддржуваат сите реформи во здравството и активно учествуваат. Бројни работилници со ФЗОМ на кои лично учествувала и Директорката на ФЗОМ Маја Парнарџиева Змејкова со нејзиниот менаџерски тим.
- Централна база на податоци во РМ (реализирано од ФЗОМ)
- Електронско пријавување на пациенти — без ИЛ обрасци
- Електронски фактури
- Враќање на 100% исплата на капитација
Заради исполнување на овие активности, Др Лилија Чолакова Дервишова е реизбрана за Претседател на ЗПЛРМ од Управниот одбор на ден 20.11.2014 со уште еден мандат од четири години.