Назад на дежурства
Списоци за дежурства #290

Проблеми во Куманово

Директорот на Здравен дом Куманово им упатил предупредувачко писмо на колегите концесионери да мора да почнат да дежураат навечер,саботи,недели и празници.Ако не постапат по наредбата ќе имало санкции.

Тоа предизвикало револт кај примарните доктори бидејќи во моментов никаде веќе не се дежура во Македонија.Секаде профункционираа итните служби ,кои се платени од Фондот и постојат за пружање на итна медицинска помош.Во истиот град постои ургентен центар во кој работат исто така општи доктори, околу десетина кои се платени од ФЗОМ за обавување на нивната дејност.

Претставници од приватниот сектор во Куманово се сретнаа со претседателот на ЗПЛРМ и побараа поддршка и афирмирање на проблемот на повисоко ниво.Претседателот на ЗПЛРМ е во постојан контакт со советник на Министерот, државен секретар-до истите има доставено писмено барање да се реши по мирен пат и преку институции овој проблем.За истиот проблем ќе се информира и Директорот на ФЗОМ.