Назад на правна регулатива
Новини во правна регулатива #11477

Jавен повик за кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст

Целта на овој Инструмент е да се обезбеди финансиска поддршка за технолошки развој на претпријатија и приватни здравствени установи („ПЗУ“) за забрзан економски раст со цел надминување на последиците од КОВИД-19, кои ги исполнуваат условите од Правилникот за  инструментот за поддршка – Кофинансирани грантови за технолошки развој за забрзан економски раст.

Целта на поддршката е претпријатијата да создадат услови за надминување на последиците од економската криза, да остварат забрзан раст, да ја зголемат конкурентноста на меѓународните пазари и отпорноста на пандемиски и климатски кризи, преку воведување на нови, иновативни, напредни, ‘зелени’ и дигитални технологии за нивна трансформација.

Поддршката е наменета за претпријатијата и ПЗУ (приватни здравствени установи) кои имаат јасно идентификувана  потреба од нови технологии која ќе има значително и мерливо позитивно влијание во еден или повеќе од следните аспекти од нивното работење: зголемена продуктивност и ефикасност, намалување на трошоци и употреба на ресурси, намалување на негативното влијание врз животната средина, подобар квалитет и нови карактеристики на производите и услугите кои ги нудат на пазарот, за развивање на нови канали за продажба, влез, експанзија на нови пазари или за градење на постабилна и поодржлива мрежа на добавувачи. 

Повеќе на следниот линк:

https://fitr.mk/zabrzan-ekonomski-rast/?fbclid=IwAR1xiWlr2BolR8-nbSYXTS0dhxp4BEKlKdrC740nylluQ5vBJwLBKvb5tTE