Назад на правна регулатива
Новини во правна регулатива #12135

Состанок со Сојуз на стопански комори

· 1 слика

Комората на приватно здравство при Сојузот на стопански комори во соработка со Агенцијата за заштита на лични податоци ќе се вклучи со поддршка за нејзините членови во подготовка на правните акти кои произлегуваат од Законот за заштита на лични податоци. Оваа активност беше договорна на денешниот состанок на претседателот на Комората Тања Дејаноска, потпретседателот Лилија Чолакова Дервишова и член на УО, Мевљедин Куч и претставници на Агенцијата за заштита на лични податоци.

Од имплементацијата на Законот за заштита на личните податоци произлегуваат сериозни обврски за малите приватни здравствени установи, што се сериозен предизвик да се имплементираат ако се земе во предвид дека вработуваат мал број лица и веќе се оптоварени со голем број на административни процедури кои не се поврзани директно со нивната основна здравствена дејност.

Оваа средба се одржа на иницијатива на Комората за приватно здравство, а на неа се договорија следните чекори на заеднички активности во насока на поддршка на приватните здравствени установи.