Почитувани,
Ве известуваме дека постојните здравствени установи кои имаат склучено договор со ФЗОМ до денот на влегување во сила на законот на здравствена заштита сл. весник 43/12, ја сочинуваат мрежата на здравствени установи и продолжуваат во рамките на мрежата да ја вршат здравствената дејност за која имаат издадено дозвола за работа и договор со ФЗОМ, согласно Член 316 став 2 од Законот за здравствена заштита.
Делот од мрежата кој се однесува на постојните ЈЗУ, ПЗИ и тимовите е варијабилен и е предмет на ажурирање од страна на Институтот за јавно здравје. Ажурираните податоци ќе се објават на интернет страната на Министерството за здравство.
Доколку некое ПЗУ од било кои причини не е наведено во мрежата, а има постоечки договор со ФЗОМ истото не претставува основ за раскинување на договорот со ФЗОМ туку истите продолжуваат да работат согласно дозволата за работа и потпишаниот договор со ФЗОМ.
Министерството за здравство ги повикува сите здравствени установи кои се испуштени да достават известување и копија од договорот на следнава емаил адреса: contact@mz.gov.mk за да може да се изврши ажурирање на мрежата.
Со Почит,
Министерство за здравство
Известувањето можете да го преземете овде