Назад на правна регулатива
Новини во правна регулатива #2732

Измени во законот за здравствена заштита

Здружението на приватни лекари смета дека заминувањето во пензија на матичен лекар да не значи згаснување на амбулантата. Токму поради тоа бараме измени во Законот за здравствена заштита.. Досега, според Законот, се предвидува затворање на ординацијата ако концесионерот замине во пензија или пак отиде на работа во странство..

Во еснафското здружение сметаат дека измените се неопходни. Со нив ќе се подобри здравствената заштита на пациентите. Новите измени ќе гарантираат и сигурност за лекарите кои вложуваат во отворање приватна амбуланта”, вели Лилија Чолакова, претседател на Здружението на приватни лекари на Македонија.
Според Чолакова во Здружението на приватни лекари бараат еднакви можности и со лекарите кои се концесионери во здравствените домови.

Од Здружението рекоа дека сите овие предлози приватните лекари ќе ги достават до Владата и до Министерството за здравство.(С.А.)

Извор