Назад на правна регулатива
Новини во правна регулатива #2954

Настан “Прв до врв“ – Скопје

Почитувани колеги,

На ден 1 Јуни се реализираше настанот „ПРВ ДО ВРВ“- по повод постоењето 2 години на жичара Скопје. Главен организатор беше ЈСП Скопје,но спонзори беа и Град Скопје и Лекарска Комора на РМ. По тој повод ЛКМ делеше маици со напис ,,Лекарите спасуваат животи“.

Наградите ги доделуваше нашиот колега Др Ѓорѓи Петков инфектолог од Гевгелија-човек кој се качи на Хималаите и спаси четири германски планинари кои имале проблем на тие височини.

Ова беше одлука на Извршниот одбор на ЛКМ од последната седница.

Лекарската професија е најхумана и постоењето на доктор на било кое место на земјината топка е вистинско богатство. И покрај сите напади кон лекарската фела, нештата не треба да се генерализираат, а за пропустите во работењето на некои поединци си постојат институции кои тоа го регулираат или санираат.

На настанот присуствуваа Др Лилија Чолакова Дервишова и Др Ѓорѓи Петков како и членови на Извршен на ЛКМ.