Почитувани колеги,
Заради големиот број на јавувања од страна на матичните доктори кои добија писма од Министерство за Здравство ,за издавање на голем број на приоритетни упати денес Извршниот Одбор на ЛКМ донесе одлука ЛКМ да напише писмо до МЗ-со лоцирање на проблематичните моменти .
1.Специјалистите од секундарно и терцијално ниво на здравство не си ги закажуваат сами пациентите за контролни прегледи после првиот преглед или после извршената операција
2.Специјалистите не ја користат алатката од Мој Термин да кога прегледуваат Итен Пациент-сами да креираат Приоритетен упат и потоа матичниот само да го завери и на крај
3.Специјалистите од секундарно ниво и терцијално ниво во ЈЗУ-не го почитуваат начинот на упатување кој е задолжителен за сите и ги препраќаат пациентите повторно кај матичен доктор-користејќи го својот авторитет на Специјалист.