Почитувани колеги,
Во последниот број на Службен весник на РМ, број 95/2011 од 14.07.2011 има објавено повеќе прописи од страна на ФЗОМ. Меѓу нив, позначајни се:
– Пречистен текст на одлуката за утврдување на учество на осигурениците – партиципација.
– Пречистен текст на правилникот за начинот, постапките и критериумоте за утврдување на привремена спреченост за работа поради болест итн.
– Пречистен текст на правилникот за начинот на плаќање на лабораториски испитувања
– Пречистен текст на правилникот за состав и надлежност на лекарските комисии.
Овие одлуки и правилници се добри помагала во работата на ПЗУ-ата и треба да се познаваат. Истите се објавени на веб страната на ФЗОМ во делот Законска регулатива – Одлуки и Правилници, каде што се лесно достапни за консултација и потсетување на обврските.