Назад на правна регулатива
Новини во правна регулатива #808

Лекарите ја добија битката, повеќе не се јавни службеници

· 1 слика

Лекарите ја издвојуваа неколкумесечната битка и од денеска тие повеќе не се јавни службеници, откако според Законот за јавна администрација од 23 април, неколку месеци имаа можност на својот грб да ја почуствуваат службеничката работа. Уставниот суд на денешната седница поништи дел од членот 3, точките 1 и 2 од Законот за јавни службеници, со кој се предвидуваше и здравствената дејност да се смета за јавна дејност.

Оваа одредба, како што велат од Уставен суд, била поништена бидејќи според Законот за здравствена заштита, здравствената дејност се дефинира како дејност од посебен општествен интерес, за разлика од дејноста на службениците која се дефинира како јавен интерес.

– Здравствената дејност е посветена на здравјето на граѓаните, а другите дејности се посветени на државата. Здравството не е дејност која се врши во име на државата, туку дејност од посебен општествен интерес, во функција на здравјето на граѓаните – истакна Југослав Миленковиќ, портпарол на Уставниот суд.

По најавите за протести на околу 6.000 здравствени работници и преговорите со тогашниот министер за здравство Бујар Османи, топката малку се смири, а лекарите неколку месеци беа под директна палка на министерството за информатичко општество. Иницијативата до Уставниот суд беше поднесена од Самостојниот синдикат на Клинички центар.

Извор: Плус Инфо