Назад на правна регулатива
Новини во правна регулатива #940

Рурални подрачја и места

Почитувани колеги,

Поради многуте јавувања од колегите кои што работат во рурални амбуланти, ЗПЛРМ ги превзема документите од сајтот на ФЗОМ, со цел да се олесни пронаоѓањето на правилникот поврзан со нивната дејност.

Во руралните подрачја во кои според редовните правила за плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита лекарите остваруваат помалку од 1700 поени, Фондот плаќа зголемена капитација заради обезбедување на здравствена заштита на осигурените лица во тие подрачја. Стимулативното плаќање се обезбедува врз основа на член 69 од Законот за здравственото осигурување и според одредбите на Правилникот за начинот на плаќање на здравствените услуги во примарната здравствена заштита.

Документи:

Правилник за изменување и дополнување на правилникот за начинот на плаќање на здравствените установи во примарна здравствена заштита

Одлука за утврдување на оддалечени рурални подрачја и места

Преглед на рурални подрачја и места

Упатство за поднесување на барање за утврдување на руралност