Назад на работилници
Работилници #10555

Работилници за Охрид, Струга и Ресен

Почитувани колеги,

На ден 28.02.2020 со почеток од 13:30 часот во просториите на Црвен Крст Охрид ќе се одржат предавања од страна на Проф. Др. Славчо Тошев за примена на Доплер во дијагностика на васкуларни проблеми на каротиди и нозе за доктори од Охрид и една половина доктори од Ресен.

Во 15:00 часот започнуваат предавањата за доктори од Струга и другата половина доктори од Ресен. Предавањата се акредитирани и максимално оценети од ЛКМ.

Докторите исто така ќе бидат запознаени со новини во работата со ФЗОМ и МЗ за 2020-та година.