Назад на работилници
Работилници #1331

Медицинска едукација за избрани лекари од ПЗЗ

Центарот за семејна медицина, Медицински Факултет Скопје во соработка со Македонско лекарско друштво, Здружение на приватни лекари на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија подготви работилници засновани на Медицина базирана на докази како дел од континуираната медицинска едукација. Согласно договорната обврска на ФЗОМ за 2012 година овие работилници се наменети за избраните лекари од дејноста општа медицина за посетување на медицинска едукација за рано дијагностицирање на дијабет, нефролошки и реуматолошки заболувања. Работилниците ќе им бидат признати на избраните лекари како реализирана цел од страна на ФЗОМ со обврска секој квартал да достават сертивикат за ислушана една работилница.

На следниот линк можете да го превземете распоредот за периодот април-јуни:

Распоред за работилници

Цената за една работилница изнесува 1500 денари за 4 часа. Средствата со цел на уплата: семејна медицина – медицинска едукација треба да се уплатат на следната жиро сметка:

цел: СЕМЕЈНА МЕДИЦИНА – МЕДИЦИНСКА ЕДУКАЦИЈА
Сметка:100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 160011151778813
Приходна шифра: 723119-41
Депонент: НБРМ