Назад на работилници
Работилници #1673

Барање до претседателот на ЛКМ

Почитуван Пртеседател на Лекарска Комора на РМ,

Управниот одбор на ЗПЛРМ на последниот состанок донесе одлука да се поднесе официјално барање до Вас, со една единствена цел да се одржи работилница помеѓу Министерство за здравство, ФЗОМ и ЗПЛРМ.

Приватниот сектор следниот договор кој ќе го прави со ФЗОМ би требало да биде на 5 години и ние би сакале истиот да го искреираме да биде што поквалитетен. Мора да се разгледуваат превентивните цели кај матични доктори и гинеколози,начин на исплата,висина на бод.

Приватниот сектор сака партнерски однос со МЗ и ФЗОМ. Ние прифативме секакви реформи и сега очекуваме и институциите да имаат слух за нашите потреби и проблеми.

Со почит
Управен одбор на ЗПЛРМ