Почитувани колеги,
На ден 08.06.2011 во Велес се одржа работилница на здружението на приватните лекари на Република Македонија.
Теми за кои се дискутираше на работилницата во Велес на ден 08.06.2011:
1. Правилник за боледувања (во преговорите со ФЗО, Лекарската Комора и Здружението) донесен е новиот правилник за боледувања кој е усогласен и чека одобрување од Управниот Одбор на ФЗО на РМ. Нашите барања се овој правилник што побрзо да биде усвоен.
2. Усвојување на режим на лекови кои паѓаат на товат на ФЗО на РМ
3. Бидејќи е зголемен буџетот на лековите за аптеките кои паѓаат на товар на ФЗО на РМ, бараме пропорционално да се зголеми и буџетот за лекови кои паѓаат на товар на ФЗО на РМ кај матичните лекари.
4. Бараме решавање на проблемите со руралните и селксите амбуланти кои што се појавија во последниот период.
5. Бараме решавање на проблемите што се појавија во врска со приватните ординации кои немаат склучено договор со ФЗО на РМ (непризнавање на рецепти, упати и боледувања).
6. Решавање на проблемите за гинеколозите (писмено известување до пациентите за задолжителен ПАП тест, како и водење на бременоста).
7. Решавање на проблемите кои се појавуваат со обврската за задолжително печатење на рецептите. Мора да има исклучоци, на пример, кога ќе снема струја, ќе се расипе компјутер, ќе снема тонер, ИЗИС нема да биде достапен, ќе снема Интернет итн. Најголемиот страва кај колегите е како технички ќе се изведе кога колегите замени ќе одат на одмор. Тоа е голема бројка на пациенти која ќе треба да се внесува и времетраењето на чекање ќе се зголеми. Многу е важно за кратко време да имаме пристап до базата на пациенти од Фондот. И, кога замената прегледува, трошокот за рецепти да оди на матичниот доктор.
8. Буџет за специјалистичките ординации кои имаат склучено договор со ФЗО на РМ.
9. Проблеми кои што се појавија со лабораториските услуги.
10. Воведување на минимална партиципација за да се стави ред кај гинеколозите и кај примарното здравство.
11. Буџетот за рецепти да е на ПЗУ.
12. Склучување на анекс договори во рок од 5 дена.
13. Дежурства, здравствените домови да склучат договори со матичните или да им се плаќа. Дали тоа значи дека кога на приватен доктор ќе му недостасува смена бидејќи едниот заминал на одмор, да дојде колега од јавно здравство и да продолжи да одрабои уште една смена кај приватниот.
Записникот од работилницата можете да го превземете на следниот линк:
Записник од работилница Велес 08.06.2011
Следуваат неколку слики од работилницата:




