Назад на работилници
Работилници #9617

Работилници за 2019 во организација на ЗПЛРМ

Почитувани колеги

ЗПЛРМ како и секоја година се потруди да акредитира квалитетни и интересни предавања преку кои ќе ги освежиме нашите знаења, ќе слушнеме нешто ново, но и секој доктор во својот град ќе може да добие поени за акредитација кон
ЛКМ.

За оваа година се предвидени следните теми

1.Алцхајмерова болест 8/11

2.Морбус Вилсон 4/6

3.Грип и имунизација 4/6

4.Бурнаут кај доктори 8/11

И оваа година цената е иста 2400 денари на уплатница за чланарина кон нашето здружение. Така ќе можеме да си го одржуваме сајтот www.zplrm.org.mk-кој ни е прозорец кон светот, место каде за една секунда се информираат 2000
доктори за сите новини од МЗ и ФЗОМ, но и за нашите проблеми. Сајт на кој многу наши колеги бараат работа или нудат работа за доктори и медицински сестри.

Сајт на кој и се информирате за сите правни измени во нашата држава кои се поврзани со здравство – со помош на нашиот адвокат.

Од чланарината се плаќаат сите простории каде се одржуваат состаноци и работилници, патни трошкови на сите координатори, се регистрира возило со кое се посетува членството.

Почитувајте си го ЗПЛРМ, бидејќи само тоа се грижи за Приватните доктори и нивните проблеми.

Со почит

Управен одбор на ЗПЛРМ