Почитувани колеги,
Во петок, на 25.11.2011 во просториите на ФЗО Струмица се одржа состанок за кој бевме известени истиот ден.
На состанокот беа поканети и Др.Иванова, Др.Веслиевски, Др.Певќева, Др.Манев и Др.Маткова.
На состанокот се донесени следните заклучоци:
1.Во врска со одјава пријава при промена на подрачна служба: Доколку пациент промени подрачна служба,а остане кај ист лекар нема потреба од праќање пријава и одјава во друг град.
Значи, отсега тоа ќе се прави во фондот по автоматизам.
Не треба да се пишува нов ИЛ образец.Само ќе се направи промена во комјутерската евиденција на шифрите на општината.
2.Во врска со издавање боледување за нега на дете: Mоже да издаде матичен лекар на детето за мајката иако не е нејзин матичен-по основ нега на член.Од фондот ќе испратат и допис.
3.Во врска со пополнувањата барања за пензионери
Потребно е да се истакне известување во ординациите-како што е назначено на упатството.
Готовите обрасци треба да се предадат кај Снеже.
Од фондот замолија да ги предаваме ние, поради достава од помал број лица.
Пополнувањето на барањето можат пензионерите и сами да го прават.
Ако немаат фотокопија на лична карта, може да се достави пасош-од новите.
Пензионерите треба да доставуваат важечки лични карти, а трајните да си заменат со нови -според прописите.
Деца на пензионери кои се под тој основ треба да се пополнат носител-лично.
Треба да се внимава да не се дуплираат барањата во случај кога носителот е кај еден лекар, а членот кај друг.
4.Во врска со транспорт на душевно болни
На состанокот во АРМ Др.Ана Петрова рече дека матичните лекари немаат обврска за транспорт. Од фондот бараат писмен документ.
Кажав дека тоа не е регулирано никаде и не стои во договорот со фондот.
5.Во врска со упатување во МАНУ-до 31.12. ке важи по старо.Потоа нема да може матичен да издава, будејки се смета како ЛУ2.
За тоа дополнително ќе има известување.
Предложивме препораките за трајни болести како на пр. Церебрална парализа да важат без обновување-што ќе се разгледа како барање.
Се надевам дека веста за автоматско пријавување при промена на подрачна многу ќе ни ја олесни работата и пријатно ќе ве израдува!
Елица Станишлевиќ