Почитувани колеги,
заради различно толкување на новиот рецептен образец и неговото правилно пополнување во сите градови, ЗПЛРМ побара писмено појаснување – за да нема недоразбирање.
Појаснувањето следи:
Во врска со примената на новиот рецептен образец, бидејќи се јави како прашање пополнувањето на првиот дел на рецептот во делот на податоци за носителот на осигурување, Ве информираме:
– Во случај кога рецептот е пропишан на носителот на осигурувањето лично, не треба да е пополнет делот со наслов податоци за носителот на осигурување, но и доколку е пополнет од страна на избраниот лекар (со истите податоци) не треба да се враќаат рецептите на аптеките.
– Во случај кога рецептот е пропишан на член на семејство на носителот на осигурување, освен делот со податоци за членот на семејството на кој е пропишан рецептот, задолжително се пополнува и делот со наслов податоци за носителот на осигурување.
Со почит,
Сектор Фармација
ФЗОМ