Назад на соопштенија
Соопштенија #10323

Ситуациона анализа

Почитувани,


Во рамки на континуираната поддршка на Светската Здравствена Организација на Министерството за здравство за унапредување на политиките и здравствената заштита, спроведуваме ситуациона анализа на здравствената состојба и здравствената заштита на старите лица. 


Еден дел од анализата опфаќа и истражување на искуствата, перцепциите и ставовите на здравствените работници во однос на неколку од клучните аспекти на фукционирање на здравствениот систем како што се интегрирани здравствени процеси, комуникација, избор, сеопфатност,  доверливост и приватност, достоинственост и почит, управување и организација итн.
Кон прашалникот може да се пристапи на следниот линк:

 https://forms.gle/QLeF5Lx8BnBRCKHc9 


Одговорите се анонимни и доверливи, а одговарањето на прашањата нема да одземе повеќе од 20 минути.

Крајниот рок за пополнување и испраќање на прашалникот е 31 октомври (четврток).

Ви благодарам!
Поздрав,Симона Атанасова