Назад на соопштенија
Соопштенија #10494

Среќна Нова 2020! Viti i Ri 2020!

· 1 слика

Почитувани колеги , соработници, здравствени работници и пријатели,

Нека Новата 2020 Година донесе нови радости, добро здравје и исполнување на сите Ваши желби.

Помина уште една многу бурна година, во која вложивме многу труд, прегледи, рецепти, упати – издадени во енормни бројки, успеавме да поместиме нешто околу исплатата и мало покачување на капитациониот бод.

Но ни останаа нашите суштински барања:

1.Пациенти и лиценца на ПЗУ

2.Ако нема медицинска сестра да се промени правилникот и тимот да е составен од администратор и доктор.

3.Секој матичен доктор да има еднакво право за подолготрајно боледување – исто како колега од јавно здравство.

Нашата борба за подобро место под сонце продолжува, целта е да бидеме еднакви пред Законот не само на хартија, туку и во реалноста.

Некој некогаш искреира примарно приватно здравство и таа приказна треба да продолжи и да се развива а не да се уништува. Убавината на животот е кога нештата имаат континуитет.

Само со единство, креативност и искреност можеме да одиме напред.

Голема благодарност до сите новинари кои го следат здравството. Благодарение на Вашата поддршка успеваме да ги промовираме нашите проблеми, но и да поместиме некои  нешта на подобро. Само со транспарентност и искреност можеме да дојдеме до целта.

Со почит до сите

Претседател на ЗПЛРМ

Др Лилија Чолакова Дервишова