Почитувани корисници на сајтот www.zplrm.org.mk,
Забележани се коментари со многу недостојни и погрдни зборови кои што сигурно не доликуваат на изразување на докторите. www.zplrm.org.mk е информативен сајт од и за докторите. Како таков, посетуван е од сите доктори во Македонија, од сите структури во државата како и од медиумите.
Ве замолувам да останете на едно ниво на културна комуникација, бидејќи овој сајт е огледало на сите нас.
Искрено се надевам дека ќе дојде време кога повторно коментарите нема да се модерираат и веднаш ќе бидат видливи.
Дотогаш, сите коментари ќе продолжат да бидат модерирани. Коментарите на оние корисници-доктори кои што употребуваат ниско ниво на комуникација не само што нема да бидат објавени, туку и пристапот кон целиот сајт ќе им биде забранет според нивната IP адреса.
Со почит,
Виктор Ристески
Администратор на www.zplrm.org.mk