Назад на соопштенија
Соопштенија #1069

Преговори за нови договори со ФЗОМ за 2012 година

Почитувани колеги

На ден 28.12.2011 година се водеа преговори со ФЗОМ за сите области-Примарна,Гинекологија,Специјалистички и Лабораторија

Наши барања беа

1.100% исплата секој месец-ПРИФАТЕНО ОД ФЗОМ

2.Во чл.25 –за тешко болни колеги-пациентите да не се бришат до 6 месеци-ПРИФАТЕНО ОД ФЗОМ

3.Зголемување на сумата на исплата кај –гинеколози-ПРИФАТЕНО ОД ФЗОМ-СЕ ЗГОЛЕМУВА ОД 2500 НА 3500 БОДА 100 % ИСПЛАТА

4.Техничко барање-за лицата кои ќе наполнат 18 години во летен период да не ги брише програмот на ФЗОМ-бидејќи нема од каде да земат потврда за школување-ПРИФАТЕНО ОД ФЗОМ

5.Баравме да се преиспита целта рацинално упатување-бидејќи од 01.01.2012 стапува новиот начин на упатување-ПРИФАТЕНО ОД ФЗОМ-ЗАМЕНЕТА СО ЦЕЛ ПРЕДАВАЊА КОИ ЌЕ ГИ ОРГАНИЗИРА ЗПЛРМ-дијабет,нефролошки заболувања и реуматолошки заболувања

6.Секој доктор пожелно е секој ден да го отвора своето електронско сандаче за да биде во тек со сите тековни промени

7.За многу кратко време ФЗОМ ќе искреира веб сервис –за да може секој доктор да проверува дали новиот пациент има доктор или нема

8.Централната база на пациенти ќе биде готова дури во јуни 2012 година

9.Приватните специјалисти –тие што работат со закажување-ќе мораат да имаат транспарентно истакната листа на чекање-а тие што не работат со закажување –Ќе истакнат да не работат со закажување

10.Останаа теми за Министерство за здравство-квантифицирање на колку еха ,колку колпоскопски прегледи,колку ЕКГ се бесплатни.Што е примарен пакет?

11.Сите пациенти да се на носителот на дејноста во ПЗУ-то или сопстевеникот на ординацијата-тема за со МЗ

12.Намалување на процентот за боледувања кај гинеколози од 3% на 2%,а кај матичните од 2% на 1 %-за популација од 18-34 години

Од 2013 година ФЗОМ планира да воведе повеќегодишни договори.

Ова е во кратки црти.