Назад на соопштенија
Соопштенија #10845

Известување од ФЗОРСМ по однос на фактури

Почитувани здравствени установи,

Со цел да ја намалиме физичката комуникација со Фондот, а во врска со процесот на фактурирање, Ве известуваме, дека во перидот додека траат мерките на Владата поврзани со вирусот COVID-19, немате обврска да носите хартиена верзија на фактурата во подрачните служби на Фондот.

Оваа Ваша обврска се одложува за по завршување на мерките на Владата.

Со почит,

ФЗОРСМ