Назад на соопштенија
Соопштенија #10939

Покана за учество во истражувањето на ЦПКА за COVID-19

Почитувани,

Во прилог на оваа порака Ви ја доставуваме поканата за учество во истражувањето што го спроведува Центарот за психосоцијална и кризна акција од Скопје, поврзано со пандемијата на COVID -19. Добрата и навремена проценка на состојбите и нивно следење во заедницата, е клучно за подобро разбирање и успешно справување со промените.

Затоа, особено би ја ценеле вашата поддршка што можете да ни ја понудите со вашето учество во истражувањето преку споделување и пополнување на приложениот прашалник од страна на здравствените работници во вашата организација.

Подетални информации и линкот до прашалникот се наведени во писмото -Покана за учество.

Со почит,

Во име на истражувачкиот тим на ЦПКА

Д-р Јулијана Стојанова