Назад на соопштенија
Соопштенија #1094

Нема пари за проширување на здравствените услуги Нова Македонија 14.01.2012

Фондот за здравство годинава нема да ги прошири здравствените услуги што пациентите ги добиваат со сино картонче. Околу 600-те милиони денари повеќе пари што ги доби во годинешниот буџет планира да ги потроши само за боледувања и за лански неплатени трошоци.

Иако директорката на Фондот, Маја Парнарџиева-Змејкова, пред истекот на минатата година најави дека со поголемиот буџет ќе се покријат повеќе услуги и лекови за пациентите, сега пресметале дека парите нема да им стигнат.

Годинава Фондот ќе потроши 22,6 милијарди денари. Од нив, 84 проценти ќе се дадат за купување здравствени услуги и буџети на јавни здравствени установи, а само 1 процент за лекување во странство. Установите, пак, од буџетите просечно трошат околу 60 проценти за платите на вработените.

Н.Б.З.

Извор: Нема пари за проширување на здравствените услуги