Назад на соопштенија
Соопштенија #11004

Реакција до ФЗОМ и ЛКМ

Почитувани колеги,

Претходниве денови сите добивме на мејл пресметки за првиот квартал за пропишување на лекови, од страна на ФЗОМ.

Не е мал бројот на доктори кои имаат намалување на сумата која треба да ја добијат. Сите знаете колку многу пациенти прегледавме во време на Пандемија на светско ниво – немаме блокирани болници, лекувавме огромен број на пациенти позитивни на Корона кои беа третирани во домашни услови.

Педијатрите имаа по двесте прегледи на ден и тоа може да го потврди Мој Термин. ЗПЛРМ реагираше до Претседателот на ЛКМ, а и писмено на мејл до Директорите на ФЗОМ. Во време на Пандемија ниту еден доктор не треба да биде казнет за лекување и пропишување на антибиотици и анксиолитици!!!

И во претходните Пандемии сме реагирале до ФЗОМ  и секогаш барањето ни било прифатено.Се надеваме на разбирање и овој пат.

Со почит,

Претседател на ЗПЛРМ

Др Лилија Чолакова Дервишова