Назад на соопштенија
Соопштенија #11110

Измена на протоколот за оздравување на заболени со КОВИД-19 на домашно лекување

Почитувани,

На следниот линк можете да ја превземете „Измената на протоколот за оздравување на заболени со КОВИД-19 на домашно лекување“ на Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, во кое детално се објаснети процедурите на оздравување на позитивни пациенти на КОВИД-19 и
активностите за:

  • Епидемиолошки служби
  • ДСЗИ
  • Матични лекари.

Во делот на матичните лекари не постои обврска за оздравување на пациенти. Оздравувањето на пациентите и понатаму го прават епидемиолошките служби. Во измената на Протолот за оздравување на КОВИД 19 пациенти стои обврската на матичниот лекар задолжително и понатаму да пополнува секојдневно „Дневна
евиденција“ за здравствена состојба за пациенти со КОВИД-19 како и до сега, врз основа на која епидемиолошката служба ќе оздравува пациенти согласно алгоритамот, а матичниот лекар ќе биде соодветно информиран дека определен пациент се смета за оздравен по потврда од лекар од епидемиолошка служба.

Имано, софтверското решение е веќе достапно на епидемиолошките служби.

Со почит.

м-р Горан Кочински
Министерство за здравство –
Управа за електронско здравство Скопје
ул. 50та Дивизија 14А, 1000 Скопје