Зголемување на бодот или партиципација од 50 ден
Барањето да се воведе партиципација од 50 денари за преглед кај матичениот лекар останува, ако министерството за здравство не го зголеми капитациониот бод кој изнесува исто, 50 денари за преглед. Здужението на приватни лекари денеска побара итна средба со министерот Тодоров.
– Едно од барањата е да постои одреден влез кај матичниот лекар за да се задржи функционирањето на приватните субјекти бидејќи имаат финансиски проблеми, затоа и бараме средба со министерот.-велат од Здружението на приватни лекари.
Министерот за здравство пак категоричен дека нема да има воведување на партиципација. Матичните ги спореди со специјалистите кои имаат поголема одговорност кон пациентите,а добиваат помали плати.
– Ќе креираат револт кај граѓаните.И изговорите дека ќе има помалку турканици не држат бидејќи работата на лекарите е благородна и треба да се тука за пациентите-изјави министерот Тодоров
Меѓу другото матичните бараат партиципација за да не доаѓаат оние граѓани кои немаат потреба од лекар, но и поради доцнењето од 2 месеца на исплата на парите од Фондот за здравство.
Пандорче Димитриоска
Превземено од Алфа ТВ
Видеото можете да го погледнете на следниот линк: http://vesti.alfa.mk/default.aspx?mId=36&eventId=45159M