Назад на соопштенија
Соопштенија #11158

Информација за измена на протокол за матични лекари при постапување за тестирање и лекување на пациенти со КОВИД-19

Почитувани,

На следниот линк можете да ја превземете Патеката (Протокол) за постапување на матични лекари за тестирање и лекување на пациенти со КОВИД-19 на Комисијата за заразни болести, Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство, во кое е

предвидена следната измена:

IV ПОСТАПУВАЊЕ СО ПАЦИЕНТИ КОИ ИМААТ ЗАКАЖАНА ИНТЕРВЕНЦИЈА

Насоки за матични лекари:

  • Матичен лекар преку алгоритамот за закажување на тестирање за КОВИД-19, закажува термин за тестирање од КОВИД-19 за пациент кој во иднина има закажана хируршка интервенција од редовен елективен програм или интервенција од редовен програм на ендоскопски интервенции.
  • Овој начин на упатување за тестирање, не се однесува на итен хируршки програм.
  • Начинот на закажување се одвива преку алгоритамот за тестирање преку Националниот систем за електронски евиденции во здравството и тоа најрано во временски период од 72 часа пред закажаната интервенција.

Во временскиот период на прилагодување закажувањето е достапно и за алгоритамот со внес на дијагноза Z11.5, а по истек на истиот алгоритамот за закажување на тестирање за хируршки интервенции и ендоскопски интервенции ќе биде достапен исклучиво за дијагноза Z11.9.

  • Добивањето на резултати за тестирање на овие пациенти треба да има приоритет.

НАПОМЕНА: Измената и дополнувањето на Патеката за постапување на матични лекари за тестирање и лекување на пациенти со КОВИД-19 е веќе достапна технички во Националниот систем за електронски евиденции во здравството – Мој Термин.

Со почит,

МЗ