Назад на соопштенија
Соопштенија #11315

Обука за професионален развој на медицинските сестри од примарната здравствена заштита (ПЗЗ)

Почитувани,

Светската Здравствена Организација и Министерството за здравство поддржани од Работната група за унапредување на сестринската дејност ја изготвија обуката за медицински сестри од примарната здравствена заштита.

Обуката беше изготвена како одговор на новиот модел на примарна здравствена заштита промовиран во земјата во почетокот на 2019 година. Обуката ја водат две медицински сестри: Миреја Санчез и Рос Брајар. Миреја е регистрирана медицинска сестра во Шпанија, со работно искуство во различни здравствени средини и во наставната дејност. Рос е регистрирана медицинска сестра во Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и нејзиното
искуство е главно во патронажната и наставната дејност.

Целта на програмата за професионален развој е да се развиjат знаењето и вештините на медицинските сестри и акушерките од ПЗЗ за да можат да придонесат на најделотворен можен начин кон спроведување на новиот модел на ПЗЗ во Северна Македонија. Краткорочните цели на програмата се да се подигне нивото на знаење и практични вештини на учесниците и да се придонесе кон нивниот континуиран професионален развој.

Обуката е на македонски јазик и е поделена на два дела во кои се содржани предложените модули.

Делот 1 содржи четири модули кои се однесуваат на основните вештини што треба да ги поседуваат медицинските сестри и акушерките во ПЗЗ: комуникација; јавно здравје; здравствена едукација и лидерство; управување со КОВИД-19 во ПЗЗ.

Делот 2 содржи модули за постапување при неколку хронични болести кои ќе се засноваат на новите протоколи за постапување при, на пример, срцева болест, ХОББ и астма.

Воведот во обуката и првиот модул се достапни на следниот линк:
https://obuki.zdravstvo.gov.mk/login

Останатите модули ќе бидат достапни во 2021.

Воведот во обуката и модулот за комуникација се состои од два дела: видео и работилница. Од Вас се бара да го завршите модулот за две недели. Деталите за онлајн работилницата ќе следуваат дополнително.

*Деталните инструкции за пристап до обуката се на крајот од овој емаил. *

За дополнителни информации и/или техничка поддршка во пристапот до обуката контактирајте ја Симона Атанасова (077 860 116 / simaubg@gmail.com).

Споделете го овој емаил во вашите мрежи и со медицинските сестри од примарната здравствена заштита

Ви посакуваме успех!

Со почит,
Симона


*Следете ги следните чекори за да пристапите до обуката:*
1. Кликнете на следиот линк: https://obuki.zdravstvo.gov.mk/login
2. Креирајте корисничка сметка каде што ќе ви внесете вашето име и презиме,
возраст, институција, работна позиција, специјалност, телефонски број,
емиал и лозинка.
3. Кликнете креирај
4. Отворете го вашиот емаил – ќе добиете емаил од Мој Термин насловен
„Завршете ја вашата регистрација“ – во самиот емаил клинкнете на линкот за
да ја потврдите вашата регистрација
5. Најавете се
6. Сега може да ги видите сите обуки што се достапни на платформата за
здравствени работници
7. На платформата се достапни првите два модули од обуката за сестри во
примарна здравствена заштита:

   – Модул 00: Вовед – Програма за професионален развој на медицинските
   сестри од примарната здравствена заштита (ПЗЗ)
   – Модул 01: Комуникација – Програма за професионален развој на
   медицинските сестри од примарната здравствена заштита (ПЗЗ)

Кликнете на пријави се
8. Сега двата модули се достапни во „Мои обуки“
9. Во „отвори“ пристапете кон видеото од модулот
10. Во „упатство“ пристапете кон линковите коишто се споменуваат во видеото