Назад на соопштенија
Соопштенија #11423

Соопштение за ЛКМ 1.02.2021

Почитувани,

На следниот линк можете да го превземете соопштението за ЛКМ од 01.02.2021 год.

Дополнување е направено во делот на важење на специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења за:

1.       Пропишување/издавање на лекови и ортопедски помагала

–          Од 01.02.2021 година со важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења со датум не постар од 01.12.2019 година. Тоа значи дека осигурениците за да ги остварат горенаведените права ќе биде потребно да ги обноват соодветните специјалистичките извештаи/конзилијарни мислења. За отпусното писмо постаро од 01.12.2019 година ќе биде потребно да се достави соодветен специјалистичките извештај/конзилијарно мислење за остварување на горенаведените права.

–          Од 01.03.2021 година со важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења не постари од 1 година.

2.       За продолжување на боледување:

–          Од 01.02.2021 година за продолжување на боледување во важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења со датум не постар од 01.09.2020 година

–          Од 01.03.2021 година за продолжување на боледување во важност ќе бидат специјалистичките извештаи/отпусни писма/конзилијарни мислења не постари од 01.09.2020 година