Почитувани,
На следниот линк можете да го превземете „Упатството за начинот на реализација на цели за дејноста општа медицина за 2021 година“ со архивски број 12 -1673/1 од 04.02.2021 година кое е објавено на web – страната на Фондот.
Воедно Ве известуваме за следново:
Во „Упатството за начинот на реализација на цели за дејноста општа медицина за 2021 година“ нема никакви промени во однос на Упатството од 2020 година.
*Избраните лекари од дејноста општа медицина треба да планираат цели за 2021 година. *
*Избраните лекари од дејноста општа медицина во периодот на траење на мерките за спречување на ширење и сузбивање на заразата од *Covid 19 не треба да ги повикуваат осигурените лица на превентивни прегледи предвидени во Планот за превентивни цели.
*Повикувањето на осигурените лица за превентивни прегледи, ќе се врши кога ќе се создадат услови за реализација на целите, односно откако ќе завршат времените мерки. *
*„Поради спречување на ширењето на епидемијата од **Covid – 19, избраните лекари не треба да ги повикуваат пациентите за превентивни прегледи, но доколку некој пациент дојде на преглед од било која причина, лекарот е должен да го изврши превентивниот преглед доколку постојат услови за истото и истиот преглед може да се заведе како реализирана цел“. *
- За дејноста општа медицина Упатството за начинот на реализација на цели ќе се применува се до донесување на ново Упатство согласно предвидените реформи во примарна здравствена заштита.