Назад на соопштенија
Соопштенија #11590

Вакцинација за здравствени работници и соработници

Почитувани,


Ве известуваме дека започнувајќи од 5ти Мај 2021 година сите вработени здравствени работници и соработници кои се заинтересирани за вакцинација може да бидат вакцинирани на пунктовите за вакцинација кои се организирани во градовите Скопје, Битола, Тетово, Штип, Кавадарци, Охрид и Куманово.


Вработениот треба на пунктот да достави потврда потпишана од овластеното лице на установата и заверена соодветно, во која ќе биде наведено дека се потврдува дека вработениот (име и презиме и ЕМБГ) е здравствен работник/соработник во установата. За терминот за вакцинација на здравствените работници е одговорен пунктот во кој истата се спроведува, а согласно достапните вакцини и распоредот за работа на пунктот.


Во прилог Ви испраќаме форма на потврдата.


Со почит,

Министерство за здравство