Назад на соопштенија
Соопштенија #11629

Известување од Алкалоид АД Скопје

Почитувани,

Во соработка со Агенцијата за лекови и медицински средства на Р. Северна
Македонија (МАЛМЕД), носителите на одобренија за лекови Алкалоид АД Скопје и Крка Фарма ДООЕЛ, кои во своето портфолио имаат флуорокинoлони: ciprofloxacin, levofloxacin и moxifloxacin, имаат обврска за доставување на известување за нови безбедносни информации за флуорокинолоните.

Ве замолуваме да го прочитате документот во прилог и да го земете во предвид при препишување на флуорокинoлоните.

Со Почит,

Алкалоид АД Скопје