Почитувани,
По состанокот кој го имавме на оваа тема, а и по извршените консултации со нашите подрачни служби, направив мали корекции и дополнувања на претходната верзија на процедурата за ИЛ обрасци.
Од тие причини, Ви ја доставувам дополнетата верзија и воедно Ве замолувам да до петок (22.10.2010 година) ми испратите Ваше мислење или коментар во однос на истата.
За Вашите забелешки кои беа претходно презентирани на состанокот а кои се однесуваа на законската регулатива, ја запознав директорката и останува напатствието кое Ви го дадовме, а тоа е што побрзо писмено да ги доставите до Фондот.
Поздрав,
Валентина Самарска Јоргусека
Линк за превземање: Деловен процес ИЛ обрасци- 7-dopolnuvanja so obrazec A,B i V