Назад на соопштенија
Соопштенија #1172

Известување за пререгистрација

Почитувани колеги,

Претседателот на ЗПЛРМ на ден 17.02.2012 год реагираше преку медиуми заради малиот процент на лица кои се пререгистрирале во ФЗОМ. Упати апел до сите граѓани – да ако не си ја обават совесно својата обврска,тогаш на 1 Април нема да имаат сини картони, а тоа повлекува плаќање на прегледите кај матичен доктор и на друго ниво од здравствениот систем – на приватно.

Бидејќи оваа пререгистрација е влезена во закон – и ќе биде еднаш годишно – ЗПЛРМ реагира да периодот во кој се изведува мора да се помести, за да не се соочиме со лоши временски услови и догодина. Пожелно е да бидат месеците април и мај.

Со почит