Во овој период секогаш се планирал буџетот на државата. Но за здравство најмалку се двои.
Дали оваа година ќе има преговори меѓу давателите на здравствени услуги – докторите и медицинските сестри од примарното здравство од една страна и фондот за здравство од друга страна- прашање е сега ???
Во време на пандемија, примарното здравство не доби никаква финансиска поддршка а се оптовари со печатење на илјадници страни серификати за ковид, тони хартија, тонери, принтери, потврди дали е некој позитивен или негативен, печатење по три листа за секој пациент кој добил решение за боледување од фондовска комисија. Телефонски сметки заради анкетирање на корона пациенти…Маски, дезифициенси и се друго.
Барања за опстанок на примарното здравство
1. Бенефициран стаж за сите медицински сестри и доктори во примарно здравство во време на пандемија
2.Капитационен бод да оди на 90 денари,бидејќи се е поскапено и поскапуваат горивата секој ден,храна и струјата индустриска ќе поскапи а нас на примарците ни се наплаќа индустриска струја.
3.Да се дадат средства за вработување на администратор на цело работно време- бидејќи не сме во можност и да работиме и да се јавуваме на телефон цело време
4. Да се опремат примарните доктори со ехо, доплери и апарати и брзо да се доаѓа до дијагноза – се потешко има термини за ехо прегледи…Касно се откриваат карциноми и метастази…
5. Казни да нема, да се разговара за стимулации и награди и рано детектирани малигнитети на дојка,дебело црево,дијабети.
За да имаме здрав народ,државата мора да вложува во здравството!!!
Со почит,
Др. Лилија Чолакова-Дервишова
Претседател на ЗПЛРМ