Почитувани,
На состанокот одржан на ден 13.10.2010 година во просториите на ФЗОМ помеѓу претставници на лекарска комора Д-р Ванчо Апостоловски и Д-р Лилијана Чолакова- Дервишова и претставници од ФЗОМ Валентина С. Јоргушеска Советник на директор , Јасмина Смилевска Раководител на Одделение за склучување на договори со здравствени установи и Мартин Илов Администратор во сектор Информатика.
Беше договорено да се изработи образец кој ќе ги содржи податоците за лекарите и нивните замени. Во прилог на овој маил ви го доставувам образецот за евиденција на замени на лекари.
Линк за превземање: Obrazec za evidencija na zameni na lekari
Пополнетите обрасци се пополнуваат за лекари од примарна здравствена заштита. Обрасците потребно е да се поделени по регионални единици, односно за Скопје еден документ со сите лекари и нивните замени.
Доставата на истите мора да биде најдоцна до 22.10.2010 (Петок) до 16.30 часот на следниот маил:martini@fzo.org.mk.