Назад на соопштенија
Соопштенија #12170

30 ординации во Македонија месецов немаат добиено капитација за месец јануари

· 1 слика

Околу 30 ординации во Македонија се уште немаат добиено капитација за месец јануари, реагираат матичните лекари.  Цели семејства се на раб на егзистенција, бидејќи не може да се исплатат плати и да се платат тековни трошоци.

Од Фондот им било кажано дека причина за неисплатата е пречекорување на дозволениот број препишани реценти, а дел се најверојатно поради проблеми со електорнската врска за што е одговорна програмерската фирма.

На сопствениците на матични амбулантати од Фондот им било кажано дека ќе бидат информирани во текот на наредната недела.

https://telma.com.mk/2022/04/19/30-ordinacii-vo-makedonija-mesecov-nemaat-dobieno-kapitacija-za-mesec-januari/?fbclid=IwAR3GUlbVScSow21H4X1X0sfhacCVNAe6EYd4LOUr6NFHqjl8HiQHGEBBeb0