Назад на соопштенија
Соопштенија #12631

Известување на ФЗОРСМ по однос на капитација за матичните лекари

Почитувани,

Ве известуваме дека се исправени грешките во фактурите за капитација за јануари. Матичните лекари кои имаа пресметка по стара вредност на бодот од денес, 22.02.2023 година ќе можат да направат репресметка  со зголемен капитационен бод (по ново) и истата да можат да ја потпишат.

Исто така, Ве известуваме и дека од денес  22.02.2023 година функционира апликацијата за електронски избор на матичен лекар и прикрепувањето на нови пациенти може да се врши во модул.

Со почит,

ФЗОРСМ