Назад на соопштенија
Соопштенија #1278

Избори на делегати во ЛКМ

Почитувани колеги,

Се надевам да координаторите од ЗПЛРМ, а и координаторите од ЛКМ од секој град на РМ Ве информирале да до 19.03.2012 година треба да се предложат кандидати за во општинските одбори и делегати за на делегатската листа. Од некои градови се по двајца ,а некаде по еден ,за да на крај имаме ново собрание на ЛКМ.

Од мое име упатувам апел до сите доктори во РМ да овој пат имаме транспарентни избори,да во секој град колегите си предложат свои претставници кои навистина сакаат да работат во интерес на своите колеги,кои ке бидат бренд на докторската фела во Македонија. Да се биде делегат во ЛК-значи да се пренесуваат проблемите на колегите до телата на Комората,но и информациите од ЛК да се пренесуваат до базата.

Во време на информатичко општество-пренесувањето на информации е многу лесно,но треба мала организација и голема желба да се променат нештата на подобро и сето тоа да е поткрепено со голем ентузијазам и висока свест.Лекарската Комора мора да стане лидер во здравствените реформи на нашата земја,таа треба да е иницијатор за се што треба да се промени –во ресорот здравство-се со една единствена цел-да се подобри статусот на секој ДОКТОР ,да се стопира трендот на иселување на сите млади квалитетни кадри и да се создадат услови за враќање на нашите еминентни стручњаци од странство-во нашата татковина.

Потребно е да имаме Комора која ке биде вистински партнер на Министерството за здравство,и на ФЗОМ.Сите проекти кои водат кон подобро здравство-заеднички да се реализираат,за да имаме задоволни доктори,задоволни пациенти.Многу е важно секогаш да се дискутира за професионални проблеми,да се бара вистинскиот пат и вистинското решение.Потребно е да имаме институции чии врати секогаш ке бидат отворени за претставниците на докторите,да има редовни средби,искрени разговори и на крај рационални решенија на задоволство на сите страни.

На 05.04.2012 година гласајте за Вистинските претставници од Вашиот град.
Ајде сите заедно да допринесеме да направиме ЕВРОПСКО Здравство во нашата земја.
Каква ЛЕКАРСКА КОМОРА ќе имаме ОД НАС ЗАВИСИ.

Со почит,
Др Лилија Чолакова Дервишова
Претседател на ЗПЛРМ