Назад на соопштенија
Соопштенија #13237

Матични лекари не пропишуваат од новите лекови на Позитивната листа поради технички проблеми

Новите девет лекови со кои беше проширената Позитивната листа од денеска им се достапни на пациентите. Ова го тврдат здравствените власти според кои оваа мерка значително ќе им заштеди од буџетот на болните кои досега ги плаќаа приватно.

Но дали навистина современата терапија ја има во аптеките на рецепт? Матични лекари велат не може да ја пропишуваат се додека не бидат надминати и решени одредени технички прашања.  

-Прво, нашите провајдери што ги одржуваат комјутерите мора да ги стават во програмите за да може да ги пропишуваме. Второ, кај матичните лекари има будети за лекови ограничени – тромесечни. Тој не е ревидиран така да со новите лекови ќе ни се смали буџетот. Мора да се реши тоа првично, вели д-р Мевлудин Куч – матичен лекар. 

Од Фондот за здравствено осигурување велат дека нивната работа ја завршиле. Новите лекови кои се најдоа на позитивната листа се за крвен притисок, срцеви заболувања, за деменција и депресија. 
Позитивната листа не беше ревидирана повеќе од 15 години и многу пациенти од свој џеб ја купуваа неопходната терапија.

Министерот за здравство најави ново проширување и на почетокот на идната година, но не прецизираше дали ќе биде со девет или два до три нови лекови. 

https://sitel.com.mk/matichni-lekari-ne-propishuvaat-od-novite-lekovi-na-pozitivnata-lista-poradi-tehnichki-problemi