Назад на соопштенија
Соопштенија #1343

Известување од ФЗОМ – нов анекс

Почитувани колеги,

Од следната недела, ФЗОМ до сите подрачни служби и на сите доктори ќе им достави по еден дополнителен анекс во кој што ќе има неколку промени:

1. За сите доктори кои што работат во руралните и селските амбуланти двосменското работење нема да важи. Своето работно време ќе можат да го прилагодат според потребите.

2. Во случај на раскинување на договор со ФЗОМ, периодот за склучување на нов договор од 6 месеци се намалува на 1 месец.

3. Сите фактури до подрачната служба ќе се доставуваат на еден лист хартија, бидејќи исплатата се врши од матичната подрачна служба