Назад на соопштенија
Соопштенија #1362

Веб сервис за статус на осигуреници

Почитувани колеги,

Пред неколку месеци ФЗОМ овозможи он лајн да може да се проверува статусот на пациентот – дали е Ваш пациент и дали има здравствено осигурување. Експериментално беше дадено на координаторите на ЗПЛРМ, а потоа беше дозволено и на поголема бројка доктори да пробаат да го користат Веб сервисот. Но бидејќи сеуште има доктори кои не разбрале за оваа можност и во интерес на средување на нашите бази на податоци за пациенти – ќе ја поставиме јавно на сајтот за да можат сите матични доктори да си проверат се за своите пациенти.

Како ЗПЛРМ – дадовме предлог да истиот Веб сервис се аплицира во нашите компјутерски програми.

Со почит

Адресата е: http://91.230.219.8/online_pridones/