Назад на соопштенија
Соопштенија #13718

Нови мерки на Фондот за здравствено осигурување во интерес на осигурениците !

· 2 слики

Скопје,1.7.2025 година

Нови мерки на Фондот за здравствено осигурување во интерес на осигурениците !

Достапност на онколошка терапија во аптеките:

-Двата онколошки лека Letrozole и Anastrozole за рак на дојка, кои ги користат над 2.500 пациентки, отсега се достапни со рецепт во сите аптеки,

– наместо долг и оптоварувачки процес на Клиниката за онкологија – лековите ќе се подигнуваат во најблиската аптека.

Поголема флексибилност за медицинска рехабилитација:

-Осигурениците со хронични заболувања (мултипла склероза, церебрална парализа, хемофилија и сл.) ќе можат да ја користат рехабилитацијата во рок од 6 месеци, наместо досегашните 2,

– Мерката е без дополнителни трошоци и значајно го олеснува пристапот до услугата.

Промени во Правилникот за ортопедски помагала

Со цел поголем опфат и подобар квалитет на живот:

– Нови дијагнози со право на инвалидска количка,

– ново ортопедско помагало – хидрауличен зглоб за колк,

– подобрена достапност на перничиња, протези и ортодонтски апарати за деца.

Овие измени се резултат на активна соработка со пациентски и професионални здруженија, со јасна цел – подобра и подостапна здравствена заштита за сите осигурени лица.