Назад на соопштенија
Соопштенија #13908

Допи од ЈЗУ Институт за белодробни заболувања и туберкулоза

Допи од ЈЗУ  Институт  за белодробни заболувања и туберкулоза

Почитувани колеги,

Во интерес на нашата заедничка долгогодишна соработка,  би сакале да Ве информираме  дека во нашата ЈЗУ  Институт  за белодробни заболувања и туберкулоза  (после 4 годишна пауза заради корона пандемијата), редовно функционира кабинетот за бронхокопија во кој се дијагностицираат и третираат белодробен карцином и други белодробни заболувања. Кабиентот за бронхоскопија е комплетно опремен со најнова апаратура.

Од понеделник до петок секојдневно функционираат две  редовни и една приоритетна амбуланта. Пациентите можете да ги  упатувате  со редовен упат закажан на мој термин или долколку во моментот нема термини, пациентите упатувајте ги со приоритетен упат (со важење од 7 дена).

По прегледот на пациентот од ординирачкиот  специјалист, бронхоскопијата се закажува во првиот слободен термин.   

Воедно и да ве потсетиме дека Институтот за белодробни заболувања и туберкулоза врши специјалистички и субспецијалистички пулмолошки прегледи со упат од матичен лекар или специјалистички упат.

28.11.2025,                                  Со почит,

Скопје                                                                                                                               Директор     

                                                                                                                        Проф др Димитар Каркински