Почитувани колеги,
Од страна на претседателот на ЗПЛРМ, на денот за идеи во Владата на РМ беа доставени десет размислувања како идеи во кој правец треба нешто да се промени.Тоа е потекнато од разговорите со колегите низ Македонија.
Пат кон успешно здравство
Почитувани ,со моите потпретседатели за примарно и секундарно здравство ја поминав Македонија,разговарав со многу колеги/идеи и креативност многу бидејки тоа се луѓе од праксата.
1.Намалување на нездравствен персонал во цела Македонија во здравствените домови и болниците. На пример ако имате 6 доктори како во Македонски Брод, во здравствениот дом има дупло нездравствени работници.
2.Во источна Македонија недостасуваат специјалисти интернисти,рентген техничари,гинеколози,микробиолози и се друго.Најголема концентрација на здравствен кадар има во Скопје.Министерството за здравство мора да најде начин да ги задржи докторите во Македонија.Тоа не смее да биде со говорот на казнување,туку стимулации за тие доктори што ке се нафатат да работат во рурални места или мали населени градови.
3.За да се задржат жителите на РМ во неа мора да се посвети максимална грижа за инфраструктурата по селата низ цела Македонија.Тогаш ке се случи миграција град село и потоа ке има кого да лекуваат докторите и нема секој да сака да работи во Скопје.Не гледам зошто да немаме асфалтирани села со добар пристап до селските амбуланти.Најголем пропуст на сите Влади е што ги запоставија селата низ државата.Дали знаете да во Самоков работи доктор кој обслужува 24 села и зимно време сди со 2 коња заради снегови и лош терен и не е рурален.Каде е фидбекот од државата кон овој доктор.
4.Мора под итно да се вклучат осигурителните компании во здравствениот систем.Мислам да е зрела состојбата за дополнително здравство.Сегашната состојба е лоша во овој сектор имаме ординации со договор со Фондот и други кои немаат договор со Фондот.Не смее оваа држава да дозволи да си оди здравствениот сектор од Македонија,на пример за Словенија или низ светот.Во моментот Фондот не признава боловање од ординации кои немаат договор со Фондот,а министерство им дало дозвола за работа.Ние како ЛК пред некој ден се произнесовме да мора да се почитува мислењето на секој доктор во државата.Пациентот плака здравство и негово право е каде ке избере да се лекува.Фондот треба да плати нешто а остатокот од осигурителните компании каде секој задолжително ке плака некоја сума.
5.Здравствените домови / на концесионерите треба да им се дозволи да си го купат просторот,само така ке инвестираат и ке направат квалитетни ординации.Средствата да одат во Здравствениот сектор.Моментално со киријата што ја плакаат ништо не се реновира.
6.Во моментов има одделенија низ болниците кои не се рентабилни.Ако останат кревети неискористени добро би било да им се дозволи на докторите од приватниот сектор да изнајмуваат кревети или соби за свои пациенти.Ке се договори за начинот на плакање/овде мора да се вклучат пак осигурителните компании.
7.Гинекологија,многу скапа специјализација.Јавна тајна е дека наплакаат.Министерството мора транспарентно да одреди некоја партиципација и да се известат пациентите во цела држава за висината на истата.Една гинеколошка сонда кошта 10000 евра.Со каптацијата која се плака само оди за исплата на плати,каде е амортизација на апаратурата и објектот.Во сите ординации во моментот има многу прегледи,многу обврски ,одговорност голема.Мора фидбекот од државата да биде соодветен спрема обврските и одговорноста.
8.Десет години не е покачен капитациониот бод кај матичните доктори.Мора во иднина да се врзе со еврото и да се усогласува со зголемувањето на сите трошоци во државата.Мора да се утврди основен пакет на услуги во примарно здравство .Тука сме за соработка.Треба да се знае што за 45 денари.И цената на бодот обавезно да ја има во договорите на Фондот. Во моментов најголем број на доктори се осигурани на минималец 10 до 15 000 денари.Кога ке се пензионираат нема да имаат од што да се лекуваат.До сега сите имаат инвестирано во развојот на здравството,во објекти достојни за пациенти.Вие знаете колку е скапо да се направи таков објект и затоа повекето имаат повекегодишни кредити.
9.Мора да помогнете околу договорите со Фондот за следната година.Дали може некој да ми објасни зошто приватниот сектор зема 3 месеци наназад паричен надомест,зошто е на проценти поделен.Ова би замолила да се промени ,со тоа ке покажете дека не почитувате.
10.Превенцијата во моментот ја обавуваме во склоп на прегледите.Бараме таа дополнително да ни се плати од Министерство по број на реално превенирани луѓе.А прегледите да бидат 100 платени.
За некои работи треба само добра волја и желба да се придвижат кон подобро.Ова здружение има потенцијал и желба да Ви помогне и даде подршка на Вашата работа.
Со почит,
Претседател на здружение на приватни лекари на РМ
Др Лилија Чолакова Дервишова
070216633
sanomak@mt.net.mk
дата 30.10.2010