Назад на соопштенија
Соопштенија #1420

Важна информација за специјалисти – секундарно здравство

Почитувани колеги,

Мало Внимание: Важна информација за специјалисти – секундарно здравство

Кога ќе се бира специјалистички пакет во кој се содржи и контрола на пример АСК2, контролата мора посебно да биде заведена во дневник, на оној ден кога е извршена, а не само да се забележува во податоците од денот на првиот преглед!

Во  пракса сега се случува да колегите бираат пакет со контрола и во некоја од графите на десна страна на дневникот,во истиот ден кога е правен и првиот преглед само запишуваат дата на контрола која ја направиле неколку дена потоа!

Тоа не е законски и од таму потекнуваат казните.

Со почит