Почитувани колеги
На ден 04.05.2012 година се одржа состанок во просториите на МЗ помеѓу Претставник од МЗ и Претседателот на ЗПЛРМ Др Лилија Чолакова Дервишова и Потпретседателот за примарно здравство Др Мевлудин Куч
Тема: Пилот проект Колоректален карцином
Заклучок од состанокот е да ние како Матични доктори веќе имаме договор со ФЗОМ што ќе работи матичниот доктор превенција за оваа година и за оваа капитација. Дополнително не можеме да прифатиме повеќе обврски. МЗ треба да ни достави писмо со кое ќе не замоли да ги препраќаме пациентите кои имаат проблеми со болести на дебело црево на возраст од 50 до 75 години до Центрите за јавно здравје во секој град.